ЕУ одобри 155 милијарди евра помош за компаниите погодени од војната во Украина

56

Европската комисија одобри 155 милијарди евра помош што Франција одлучи да ги пренасочи од програмата за пандемијата кон зајакнување на ликвидноста на компаниите погодени од војната во Украина и санкциите против Русија.

Франција е првата земја од ЕУ која доби зелено светло за поддршка на компаниите во рамки на кризните мерки со кои, поради руската инвазија на Украина, привремено се олеснети регулативите за државна помош.

„Програмата ќе ѝ овозможи на Франција да ги ублажи економските последици од војната на Путин во Украина и да ги поддржи компаниите погодени од актуелната криза и придружните санкции“, рече потпретседателката на Европската комисија Маргрете Вестагер.

Париз ќе ја финансира помошта од буџет тежок 300 милијарди евра, кој првично бил наменет за ублажување на економските последици од пандемската криза, а е одобрен од Брисел во март минатата година.

Корисниците ќе имаат право на нови кредити кои делумно ќе бидат покриени со државна гаранција.