ЕУ одвојува 4,2 милијарди евра за компензација на влијанието на Brexit

41

Европската комисија претстави предлог за доделување финансиска помош на земјите членки од фондот на ЕУ за ублажување на ефектите од Brexit.

Од 4,2 милијарди евра вкупни средства кои, како што се очекува, да бидат исплатени во 2021 година, Словенија ќе добие 3,2 милиони евра, пренесуваат словенечките медиуми.

Средствата ќе бидат распоредени на база на очекуваните последици од Brexit на економиите на земјите членки на Унијата.

Целта на оваа финансиска поддршка е да им се погоди на најтешко погодените земји и сектори, компании и единици на локална самоуправа во надминување на економските и социјалните последици од излезот на Велика Британија од ЕУ.

Над милијарда евра ќе добие Ирска, а по нејзе следат Холандија (757 милиони евра), Германија (455 милиони евра) и Франција (420 милиони евра).

Предлогот на Комисијата треба да го одобрат земјите членки и Европскиот парламент.

Фото: Freepik