ЕУ освојува насоки за воведување потврда за вакцинирање

29
Hands waving flags of the EuropeanUnion

Земјите членки на Европската унија усвоија насоки за потврда за вакцинирање наменети за медицински цели, што мора да биде ускладени и да се користат меѓу сите земји.

Целта на насоките е да обезбедат интероперабилност на потврдата за вакцинирање, што значи дека содржината на потврдта за вакцинирање е унифицирана и да се вопостави минимален износ на податоци што секоја потврда мора да ги има.

Потврдите може да бидат во физички или дигитален облик и мора да обезбедат ригорозна заштита на лични податоци.

Пред неколку недели, грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, предложи воведување на потреба за вацинирање што би требало да служат како еден вид пасош со којшто вакцинираните лица би можеле слободно да патуваат во ЕУ додека трае пандемијата.

Сите се сложиле околу потребата за таква потврда, но само за медицински цели. Поголемиот дел од земјите членки сметаат дека е многу рано да се зборува за употреба на тие потврди за друга намена, како што се патувања, бидејќи мал е бројот на вакцинирани, а поголем дел немаат пристап до вакцини, па тоа би била очигледна дискриминација.

Фото: Freepik