Почетна Новости Европа ЕУ предупредува на ризик од недостиг на стоки

ЕУ предупредува на ризик од недостиг на стоки

32

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен предупреди дека земјите од ЕУ, коишто воведуваат гранични проверки, се закануваат на ланците за снабдување и го зголемуваат ризикот од недостиг на стоки. Предупредувањето дојде од Брисел откако Германија стана новата земја на ЕУ што делумно ги затвори своите граници, запирајќи ги премини од Франција, Австрија и Швајцарија, обидувајќи се да го забави ширењето на вирусот Ковид – 19.

Додека купувачите во паника ги опустошуваат полиците на супермаркетите во неколку земји членки, Дер Лејен предупреди дека стоките во внатрешниот пазар на ЕУ мора да продолжат да течат слободно.

“Илјадници возачи на автобуси и камиони се во внатрешните граници на паркинзите, создавајќи здравствени ризици и ги нарушуваат нашите ланци за снабдување. Ако не преземеме акција сега, продавниците ќе почнат да имаат потешкотии во полнењето на одредени производи што доаѓаат од други места“, рече таа.

Иако германските мерки во моментов се однесуваат само на три земји, други соседни земји како Полска, Чешка и Данска исто така ги затворија своите граници или воведоа строги ограничувања.

Во ова време на криза, е од најголема важност да продолжиме со внатрешниот пазар, заклучи дер Лејен.

Фото: Pexels