
Амбасадорите на Европската Унија денес се состануваат за да разговараат за 19-тиот пакет санкции против Русија, кој е одложен бидејќи САД вршат притисок врз Европа да преземе посилна улога во завршувањето на војната во Украина, а можни се и нови ограничувања за гас и визи, објави „Еурактив“.
Европската комисија има за цел да го забрза откажувањето на Европа од руските фосилни горива, а еден функционер изјави за „Еурактив“ дека санкциите се начинот да се постигне тоа.
Двајца дипломати од ЕУ сугерираа дека гасот би можел да биде следен на списокот на цели.
Предложениот пакет санкции може да вклучува зајакнати мерки против избегнувањето на санкциите, зголемен притисок врз руските банки и енергетски корпорации, како и ставање на црна листа на дополнителни бродови од „тајната“ руска флота.
Исто така, во оптек се и размислувања за рестрикции на извозот во трети држави и можноста за воведување поригорозни правила за издавање туристички визи на руски државјани.











