ЕУ регулативи – пропишана и должината на бананите

46

bananiЕвропската унија постојано воспоставува прописи. Некои од нив се забавни или корисни, но има и такви кои што се непотребни или премногу тешки да се спроведат во пракса, пренесува Дојче Веле.

Еве дел од најинтересните регулативи што произлегуваат од Европската унија.

Регулатива за големина на бананите

Според регулативите на ЕУ, сите банани увезени во ЕУ или оние што се одгледуваат на нејзина територија треба да исполнуваат посебни услови. Тие треба да бидат најмалку 14 сантиметри долги и 2,7 сантиметри дебели. Овошјето не смее да биде оштетено, ниту да биде целосно зрело.

Можеби овие правила може да звучат како неважни, но тие имаат и свои предности бидејќи потрошувачите во супермаркетите ќе имаат на располагање само свежо овошје.

Електрична спроводливост на медот

Знаеме дека оние што го произведуваат медот – пчелите – се многу енергични. Но, кој би помислил дека медот може да спроведува електрична енергија и дека Брисел мора да ја регулира неговата спроводливост. Според европските регулативи, медот може да има спроводливост, но не повеќе од 0,8 микросименси по сантиметар. Ова не треба да ве заплаши, бидејќи нема да доживеете електричен шок на масата додека појадувате, затоа што оваа мерка се користи само за класифицирање на различни видови на мед.

Не за обичните сијалици

Со цел да се промовира заштеда на електричната енергија, за стандардните сијалици од 2009-та година нема место на европските пазари. Но, и нивните наследници – LED сијалиците – не се без еколошки грешки. Тие содржат жива, токсична материја која мора правилно да се отстрани.

Регулација за жичница, за секој случај

Lighthouse, Sytl (photo: Fotolia)

Германската покраина Шлезвид – Холштајн покрај Северното море е рамнина, а највисокиот рид во покраината е 168 метри. Сепак, и оваа покраина морала да го усвои законот за погон за жичница, бидејќи така налага ЕУ. За секој случај, доколку некој одлучи да постави жичница и тогаш прописите ќе бидат сосема јасни.