ЕУ: Секоја трета жена имала прекин од шест месеци отсуство поради чување деца

22

Секоја трета жена (во работен однос или со претходно вработување) во Европската унија пријавила прекин на работата од најмалку шест месеци поради грижа за деца, покажуваат податоците на европската статистика.

Жените на Малта имаат најмал процент на отсуство поради грижа за децата – 13%. Потоа следуваат Шпанија и Португалија со 14%, додека најголем удел е забележан во Естонија (68%), Бугарија (67%) и Чешка (66%).

Уделот на мажи кои поради грижа за децата пријавиле прекин на работните обврски е 4% или помалку во сите земји членки на ЕУ. Единствен исклучок е Шведска, каде уделот е 13%.

Фото: Pixabay