Во овој момент во Брисел нема простор за паника. Никој не очекува да се случи нешто спектакуларно што би довело до распаѓање на монтерната унија.
Ова особено добива на значење после изјавата на германската канцеларка Ангела Меркел која вели дека Грција и понатаму ќе остане во европската монетарна унија, иако меѓународната Тројка се уште нема поднесено извештај за ситуацијата во Грција – иако доста луѓе сегашните реформи на грчките власти ги сметаат за безнадежни.
По се изгледа и шпанската влада “мирно спие” и покрај нивната криза во банкарскиот систем. Нивната надеж е во сигурните фондови на Европскиот стабилизационен механизан како и информaцијата дека Европската централна банка комплетно го превземала спасувањето на еврото во свои раце.
Згора на се, Шпанците можат да бидат порелаксирани за разлика од Грција поради фактот што шефот на Европската централна банка Марио Драги изјави доколку е потребнo, неговата банка ќе почне да купува обврзници од презадолжените земји членки.
Резултати конечни видливи?
Домаќинот, а воедно и претседател на Европскиот совет Херман ван Ромпеј е уверен дека резултатите и политиката на Брисел се видливи.
“Обрнете внимание на поголемата конкурентност и поголемиот извоз, во Шпанија на пример, Португалија и Ирска исто така. Скоро во цела Европа можете да забележите помала разлика помеѓу земјите кои се во буџетски дефицит”, изјави ван Ромпеј.
Од друга страна пак, претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо, смета дека курсот на консолидација е неизбежен, а воедно и порачува: “Старите демони на Европа се поделени. Некогаш имавме проблеми со поделба исток – запад, сега се соочуваме со евентуална поделба север – југ”.
Сите ги признаваат реформите
Во пресрет на денешниот самит во Брисел германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле успеа да го привлече вниманието, па дури и да ги испровоцира своите колеги со неговите предлози. Според него, комесарот за монетарна политика треба да го зацврсти своето место така што треба да му се даде слобода на самиот комесар да може токму тој самиот и без одобрениот на Европската комисија да ги отфрли “нездравите” национални буџет на земјите членки.
Сепак, чениците на ЕУ малку е веројатно дека би се сложиле на таков ризичен потег, бидејки сега за сега тие се единствено и цврсто сложни околу единствениот механизам за надзор на банките (кои директно ќе помогнат) – нешто што во овие моменти го очекува Шпанија.