Европската унија (ЕУ) од први јануари следната година воведува данок на нерециклиран пластичен отпад којшто членките ќе мора да го уплаќаат на буџетската сметка на Унијата.
Данокот е еден од начините да се финансира пакетот за закрепнување од последиците од пандемијата, во висина од 750 милијарди евра.
Како прв чекор во обезбедувањето на нови приходите во ЕУ од први јануари 2021 година ќе биде воведен данок што ќе биде дел од националниот придонес којшто веќе го уплаќаат земјите членки, пишува Balkan green energy news.
Данокот, како што се наведува, ќе се пресметува на основа од 0,80 евра за килограм отпад.
Освен овој данок, ЕУ планира да воведе и данок за СО2 на производи што се увезуваат во земјите со емисии коишто се поголеми од референтните вредности на ЕУ.
Фото: Freepik