Нов пакет поддршка – ЕЦБ издвојува 750 милијарди евра

60

Европската централна банка (ЕЦБ) формира нов пакет од 750 милијарди евра за да помогне на економијата и општеството во ЕУ во услови на кризата со коронавирус.

Програмата е наречена Pandemic Emergency Purchase Program (PEPP) и ќе важи до крајот на оваа година.

Претседателот на ЕЦБ, Кристин Лагард, на Twitter објави дека вонредната состојба бара итна акција. Таа додаде дека решително, со својот тим ќе ги искористи сите расположиви средства за да го минимизира негативното влијание.

Централните банки ширум светот се обидуваат да ги зајакнат плановите за одговор на кризи за да ги зајакнат своите економии и пазари во пресрет на потенцијално катастрофална глобална рецесија.

Фото: Pexels