ЕУ: Возилата ќе мора да имаат ограничувачи на брзина од 2022 година

17

Новите автомобили што ќе се продадат во Европа, почнувајќи од 2022 година, ќе мора да имаат инсталирано системи за ограничување на брзината, пишува CNN.

Според новите правила за безбедност, договорени од страна на Европската Унија, во возилата задолжително ќе мора да има “интелигентна асисистенција за брзина“ како стандардна опрема.
Ова е еден од начините да се зголеми безбедноста на патиштата каде секојдневно се случуваат несреќи, а причина број еден е неприлагодената брзина.
Некои производители веќе имаат имплементирано начини за контролирање на брзината, користејќи GPS или камери. Новите системи за безбедност нема автоматски да “закочат“ кога автомобилот ќе се движи побрзо од пропишаното. Тие ќе ја ограничат моќноста на моторот, освен ако возачот не ги исклучи.
Volvo, веќе најави дека ќе ги ограничи своите возила, односно максималната брзина ќе биде 180 киломтри на час.
Новите правила се очекува да бидат формално одобрени од земјите членки во Европскиот парламент.
Фото: Pexels