Еуролинк осигурување организира бесплатни часови по пливање

45

eurolink osiguruvanje

Годинава, мај е месец на пливањето со проф. Д-р Наташа Мешковска и Еуролинк осигурување. Деца на возраст од 8 до 10 години ќе можат бесплатно да пливаат во базенот Карпош при Спортскиот Центар Борис Трајковски во Скопје. Пливањето ќе започне на 17.05.2016 и ќе се одвива под раководство на професионалниот тренер проф. д-р Наташа Мешковска, а во организација на Еуролинк осигурување.

Родителите можат да ги пријават своите деца со испраќање порака на електронска адреса plivajiuzivaj@eurolink.com.mk со следните податоци: име и презиме на детето – учесник; возраст; висина; тежина и име и презиме и контакт телефон на родителот.

Пријавувањето започна од 28.04.2016 (четврток), а ќе трае до деветти мај (понеделник). Селекцијата на пријавените учесници ќе се одржи на 12-ти мај (четврток) на базенот Карпош при СЦБТ и ќе ја врши стручен тим, под раководство на проф. др. Наташа Мешковска, која ќе избере 45 деца на возраст од 8 до 10 години.

Критериумот за селекција е пријавените деца да може да испливаат 25 метри со помош на пливачко помагало – пловка.

Еуролинк осигурување на избраните кандидати ќе им обезбеди бесплатни термини за пливање, два пати неделно, во траење од еден месец, пливачки капчиња, пешкири и пливачки помагала.

Оваа активност е дел од корпоративната платформа за општествена одговорност Еуролинк – Вашата врска со вистинските вредности.