Evergrande направи уште една продажба во последен момент

44

Проблематичниот градежен гигант Evergrande успеа да собере 145 милиони долари непосредно пред крајниот рок за уште една исплата на камата, јавува Би-Би-Си.

Кинеската компанија продаде 5,7 отсто од својот удел во медиумската компанија HengTen Networks Group, која произведува филмови и телевизиски програми, како и оперира со платформа за стриминг.

Evergrande мора да плати 148 милиони долари камата оваа недела за да избегне неисполнување на обврските. Ова е уште еден период во кој градежната компанија успева да ја изврши исплатата на крајот од 30-дневниот грејс период.

Evergrande имаше мнозински удел во HengTen претходно оваа година, но оттогаш направи неколку продажби во обид да собере средства. Другиот главен акционер во него е кинескиот технолошки гигант Tencent, кој купи уште 7 отсто од Evergrande за 266 милиони долари во јули.

По последната продажба, Tencent стана најголем акционер со 24%.

Evergrande успеа да го продаде и британскиот бизнис за производство на електрични мотори Protean за непозната сума. Компанијата беше купена во 2019 година за 58 милиони долари.