ЕВН ја продолжува соработката со Црвениот крст за грижа на старите лица

32

evn makedonija

По повод неделата за грижа на стари лица, ЕВН Македонија ја продолжува соработката со Црвен крст со уште една нова едногодишна поддршка на активностите во насока на зголемување на грижата за старите лица во земјава.

Целта на проектот, како што се наведува, е придонес во подобрувањето на условите за живот на ранливите стари лица и зајакнување на здравствениот и социјалниот систем на старите лица во Република Македонија.

Грижата за старите лица се обезбедува во две форми и тоа во дневните центри за грижа и во домашни услови. Дневните центри за грижа функционираат во Скопје, Велес, Крива Паланка, а со поддршка на ЕВН Македонија се оформија и нови центри во Кичево, Струга и Дебар. Во рамки на грижата во домашни услови ангажирани се вкупно 65 волонтери на Црвениот крст и 11 медицински сестри кои обезбедуваат социјални и медицински услуги на стари лица во нивните домови ширум Македонија.

“Старите луѓе се генерација што го овозможија нашиот живот денес. Тие ја заслужуваат целата грижа и почит што можат да ја добијат. ЕВН како компанија ја разбира својата одговорност да придонесе кон нивната благосостојба”, изјави менаџерката за комуникации на ЕВН Македонија, Ленче Карпузовска.

Лична благодарност до ЕВН Македонија за продолжување на поддршката изрази генералниот секретар на Црвениот крст, Саит Саити.

“Без поддршката на ЕВН, овој хуман проект немаше да биде реалност. Упатувам апел и до останатите компании да се вклучат во оваа мисија за грижа на ранливите категории на лица“, изјави Саити.

Партнерството со Црвениот крст за доброто на социјално загрозените лица трае веќе неколку години. Одличната соработка овозможува партнерството да биде долгорочно.