ЕВН Македонија го зголеми капацитетот на трафостаница Аеродром

20

evn-makedonija

ЕВН Македонија пушти во употреба ново 110 киловолтно трансформаторско поле и нов извод (10 (20) KV), во општина Аеродром.

Со проширувањето на постојната трафостаница Аеродром (110/10 KV) за една третина е зголемен капацитетот и се отворија можности за приклучување на нови корисници и развој на индустријата во оваа скопска општина.

Потребата за проширување на ТС 110/10kV Аеродром се јави од зголемен број на нови корисници поради изградбата на станбени и деловни објекти во населбата Ново Лисиче, Реонски центар и на улицата Трета Македонска бригада.

На новоизградениот извод ќе се приклучат над 2.000 корисници од населбата Аеродром, меѓу кои и комплексот згради на Џеваир холдинг, спортскиот центар Јане Сандански, хотел Русија и дел од индустриските корисници од соседната населба Гоце Делчев.

ЕВН Македонија инвестираше 1,5 милиони евра во доградба на постоечката 110/10 kV трансформаторска станица и инсталирањето на трет енергетски трансформатор, проширување на 110 kV трансформаторска постројка и нови 10 kV изводи, за чии потреби беше изградена и нова зграда. Со ова се очекува да се зголеми сигурноста, квалитетот и доверливоста во снабдувањето на корисниците во населба Аеродром. Ќе се растовари и снабдувањето со електрична енергија на корисниците од индустриската улица во населба Гоце Делчев.