ЕВН: Продолжува модернизирањето на дистрибутивната мрежа

42

Среднонапонската мрежа во Кратовскиот регион ќе биде модернизирана со вградување на далечински управуван прекинувач за надворешна монтажа Recloser, соопштија од ЕВН.

Компанијата претходно ја заврши модернизацијата на мрежата и во три други региони: Кочанскиот, Велешкиот и Скопскиот регион, а до крајот на годината ќе се модернизира и СКАДА системот на Диспечерскиот центар со што целиот систем ќе биде управуван далечински.

Со уредот Recloser се надминуваат проблемите за корисниците во дистрибутивната мрежа во тешко пристапните региони. Автоматскиот прекинувач има задача во случај на дефект предизвикан од невреме на надземниот вод, автоматски да го исклучи делот на водот на кој се појавил прекинот – велат од ЕВН.

Во планот на компанијата за идната година е поставување на уште седум автоматски прекинувачи. За оваа нова опрема се инвестирани над 250.000 евра.