ЕВН со засилени контроли за крадците неплаќачите на електрична енергија

25

strujomer_941045928Во втората половина од месец јули биле испорачани педесетина пресметки за неовластено користење на електричната енергија за што се поднесени и кривични пријави за корисниците, соопшти денес ЕВН Македонија.

Во соопштението се додава дека благодарение на засилените контроли и присуството на полицијата и судските вешти лица откриени се двојно поголем број на кражби на електрична енергија споредено со првите недели од јули.

Штетата која била направена со кражбите изнесува седум милиони денари (над 110.000 евра), односно крадците нелегално потрошиле 894 000 Kwh електрична енергија.

Во мрежата директно биле вклучени 22 корисници, тројца од фатените го манипулирале броилото, а тринаесет имале непријавено броило во системот, што исто така е кривично дело казниво според законските прописи во земјава.

Оние корисници кои имаат неподмирен долг кон ЕВН Македонија ќе бидат исклучени од дистрибутивниот систем, а тужените долгови се предаваат на постапување кај извршителите.

Од ЕВН порачуваат корисниците е да не извршуваат никакви неовластени дејствија околу броилата, бидејќи софистицираната опрема за откривањe на кражбите, асистенцијата на полицијата и судските вешти лица го комплетираат процесот за лесно откривање и санкционирање на кражбите на електрична енергија.