Evolute електрични автомобили промовирани во Москва

62

„Моторинвест“ од Липек, Русија, минатиот викенд во Москва покажа три електрични возила под марката Evolute.

Беа претставени една лимузина и два кросовери, сите со кинеско потекло.

Електричниот седан Evolute i-Pro е долг 4680 mm и е руска варијација на моделот Dongfeng Aeolus E70. Лимузината е главно наменета за такси компании и оператори за споделување на автомобили.

Со едно полнење на батерии од 53 kWh, досегот е 420 km, според NEDC.

Следува Evolute i-Joy, кој е варијација на кинескиот кросовер Dongfeng Fengon E3.

Овој кросовер долг 4385 mm има погон на предните тркала, електричен мотор со 176 КС и 225 Nm, додека со батерии од 53 kWh може да помине 405 km.

Конечно, третиот модел е кросоверот Evolute i-Jet, чии детали се уште не се објавени.

Како и да е, ова е варијација на кинескиот електричен автомобил DFSK Seres 5, долг 4700 mm.

„Моторинвест“ се уште не ги објави цените, а претходно беше најавено дека склопувањето на електричните возила на Evolute во фабриката во Липек треба да започне пред крајот на третиот квартал.