Европа го казни Мајкрософт со 561 милиони евра

122

microsoftРегулаторното тело на Европската унија за пазарна конкуренција го казни Мајкрософт со 561 милиони евра поради кршење на договорот да им се овозможи на потрошувачите во Европа да изберат кој пребарувач ќе го користат.

Според договорот постигнат во 2009 година, компанијата беше обврзана на европските потрошувачи да им обезбеди слободен избор на интернет пребарувач во рамките на својот оперативен систем Windows 7.

“Законски обврзувачките договори постигнати во одлуките за заштита на потрошувачите играат многу важна улога во спроведувањето на нашата политика, затоа што претставуваат брзи решенија на проблемот со конкуренцијата. Таквите одлуки, секако, бараат строго почитување. Кршењето на такви договори е сериозна работа која треба да се казни”, стои во соопштението на еврокомесарот за заштита на пазарната конкуренција, Јоакин Алмуња.

Заедно со оваа сума, во последните 10 години Мајкрософт на Европа и има платено 2,16 милијарди евра од казни.