Огромното наоѓалиште Гронинген има доволно неискористен капацитет да го замени веќе оваа зима најголемиот дел од гасот што Германија го увезуваше од Русија.
Наместо тоа, полето е во процес на затворање, а Холандија ги отфрла повиците за продолжување на експлоатацијата, иако Европа се подготвува за можеби најлошата зима од Втората светска војна, пишува „Блумберг“.
Причината за одбивањето е што дупчењето на гас во Гронинген предизвика серија потреси и холандските власти не сакаат да ризикуваат со реакција од жителите со тоа што го прекршуваат ветувањето дека ќе го затворат полето.











