Европа ја зголеми добивката за 63,8% во првите шест месеци

78

Фабриката за чоколади, вафли и бонбони, Европа во првите шест месеци од оваа година прикажа добивка од 42.714.000 денари, покажува билансот на успех.

Во првото полугодие од 2019 година, компанијата оствари добивка од 26.070.000 денари.

“АД Европа за периодот од 01.01 до 30.06.2020 година оствари добивка во износ од 42.713.982 денари и е поголема во однос на претходната година за 63,8%“, стои во Образложението за остварените резултати од работењето.

Вкупните приходи од продажба, заклучно 30-ти јуни оваа година, изнесуваа 365.489.000 денари, од кои на домашен пазар отпаѓаат 160.365.000 денари, додека на странски пазари продажбата достигна 205.124.000 денари.

“Во периодот од 01.01 до 30.06.2020 година остварени се вкупни бруто приходи на износ од 392.499.552 денари и се зголемени за 12,5% во однос на бруто приходи од 2019 година за истиот период“, стои во Образложението.

Фото: Facebook