Европа минатата година ја заврши со добивка од 23,5 милиони денари

104

evropa-ad-1

Фабриката за чоколади, вафли и бонбони, Европа од Скопје, заклучно со 31-ви декември 2016 година, прикажа вкупна сеопфатна добивка од 23.558.000 денари.

Според билансот на успех, објавен на Македонска берза, добивката на крајот на декември 2015 година, изнесуваше 28.278.000 денари.

“Во 2016 година, остварени се вкупни бруто приходи во износ од 725.671.126 денари и се помали за 4,5% во однос на истите од претходната година“, стои во Образложението за остварените резултати од работењето.

На сметката вкупни приходи од продажба, Европа евидентираше 708.455.000 денари. Од нив на домашен пазар се реализирани 308.537.000 денари, додека на странски пазари реализацијата достигна 399.918.000 денари.