Европа минатата година ја заврши со добивка од 97,1 милиони денари

21

Фабриката за чоколади, вафли и бонбони, Европа од Скопје, во периодот јануари – декември минатата година, евидентираше вкупна сеопфатна добивка во висина од 97.167.000 денари, стои во билансот на успех објавен на Македонска берза.

Добивката на компанијата една година претходно изнесуваше 48.162.000 денари.

“АД Европа за 2018 година оствари добивка во износ од 97.167.484 денари и е поголема во однос на претходната година за 101,8%“, стои во Образложението за остварените резултати од работењето.

Вкупните приходи од продажба, заклучно со 31-ви декември лани, достигнаа вредност од 798.049.000 денари. На домашен пазар продажбата достигна 374.115.000 денари, додека на пазари во странство е 423.934.000 денари.