Европа прокнижи нето добивка од 6.160.000 денари во првото полугодие

45

evropa cokoladi

Фабриката за кондиторски производи Европа прикажа нето добивка по оданочување во висина од 6.160.000 денари во првото полугодие од 2014 година, покажуваат податоците од неревидираниот и неконсолидиран биланс на успех, објавен на Македонска берза.

Во истиот период минатата година, Европа оствари нето добивка по оданочување од 11.115.000 денари, што е 44,6% повеќе во однос на актуелната нето добивка за 2014 година.

Приходите од продажба на компанијата во период од 01.01. до 31.06. изнесуваат 312.410.000 денари, од кои на домашен пазар се остварени 155.780.000 денари, додека на странски пазар компанијата реализираше 156.630.000 денари.