Европа со добивка од 1,5 милиони денари во првото тримесечје

85

evropa cokoladi

Фабриката за чоколади, вафли и бонбони, Европа од Скопје првото тримесечје од оваа година го заврши со вкупна сеопфатна добивка од 1.518.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.

Во период од први јануари до 31-ви март минатата година, компанијата прикажа добивка од 4.275.000 денари.

Вкупните приходи од продажба во првите три месеци од 2016 година беа на ниво од 148.612.000 денари. Од нив на домашен пазар се реализирани 74.355.000 денари, додека 74.257.000 денари отпаѓаат на продажба во странство.

“Расходите за трите месеци се зголемени за 5% во однос на истиот период од минатата година и изнесуваат 160.795.807 денари. Поголемиот пораст на расходите за два индексни поени од порастот на приходите придонесе добивката да се намали за 64,5%. На зголемување на трошоците посебно влијание имаше зголемениот физички обем на производство и пораст на цените на основните суровини (шеќер, какао и зрнести суровини)“, стои во Образложението за остварените резултати од работењето на Европа.