Кондиторската компанија Европа оствари вкупна сеопфатна добивка од 35.155.000 денари, покажува деветмесечниот биланс на успех објавен на Македонска берза.
Во периодот јануари – септември лани, компанијата прикажа добивка од 96.731.000 денари.
“АД Европа Скопје за периодот 01.01 – 30.09.2019 година оствари добивка во износ од 35.154.801 денари и е помала во однос на претходната година за 63,7%“, стои во Образложението за остварените резултати од работењето на АД Европа.
Вкупните приходи од продажба, заклучно 30-ти септември оваа година, достигнаа вредност од 523.122.000 денари. Од тој износ, 220.207.000 денари е остварен на домашен пазар, а поголемиот дел од 302.915.000 денари е продажба на странски пазари.
Фото: Pixabay