Фабриката за чоколади, вафли и бонбони, Европа минатата година ја заврши со вкупна сеопфатна добивка од 80.759.000 денари, стои во билансот на успех објавен на Македонска берза.
На крајот на 2019 година, компанијата прикажа добивка од 73.148.000 денари.
“АД Европа Скопје за 2020 година оствари добивка во износ од 80.758.967 денари и е поголема во однос на претходната година за 10,4%“, стои во Образложението за остварените резултати од работењето.
Вкупните приходи од продажба на Европа, заклучно 31-ви декември, беа на ниво од 807.337.000 денари, од кои на домашен пазар 356.409.000 денари, а поголемиот дел од 444.928.000 денари е од продажба на странски пазари.
Фото: Facebook