Европа за девет месеци оствари добивка од 20,4 милиони денари

52

krem-banani

Фабриката за чоколади, вафли и бонбони, Европа од Скопје, за девет месеци прокнижи добивка од 20.482.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.

Од јануари до септември 2015-та, компанијата прикажа добивка од 24.799.000 денари.

Вкупните приходи од продажба од јануари до септември оваа година имаа вредност од 524.589.000 денари, од кои на домашен пазар се 224.554.000 денари, а на пазари во странство поголемиот дел од 300.035.000 денари.