
Високи претставници на европските финансиски институции и регулатори денес на годишната конференција на паневропската берза Euronext во Брисел апелираа за потребата од внатрешна унија на пазарите на капитал со цел подобрување на финансирањето на европските компании и зајакнување на економскиот суверенитет на Европската Унија.
Извршниот директор на Euronext, Стефан Бужна, на отворањето на конференцијата изјави дека пазарите на капитал во Европа треба веднаш да се зајакнат со цел подобро да се поврзат финансиските системи на земјите од Унијата и да им се даде на компаниите пристап до поширок капитал преку заштедите на Европејците.
Директорот на норвешкиот суверен фонд за богатство, Николај Танген, предупреди дека Европа во моментов заостанува во глобалната конкуренција, пренесува Фигаро.
Според него, уделот на европските компании во портфолиото на фондот се намалил од 41 процент на 21 процент, додека уделот на компаниите од Соединетите Американски Држави речиси се удвоил.
Танген додаде дека успешните европски фирми како што се шведските „Спотифај“ и „Кларна“ излегле на берзи на американски, а не на европски берзи поради повисоките вреднувања и поедноставната регулатива.











