Европејците лани помалку купувале нови автомобили

44

Минатата година во 26 земји членки од Европската унија, без Малта, се регистрирани вкупно 9,9 милиони нови автомобили, што е за 23,7% помалку одошто во 2019 година, покажуваат податоците на здружението на европски производители на автомобили.

Ова е досега најголем пад што го регистрира здружението, а е резултат на последиците од пандемијата и мерките што беа преземени за нејзино сузбивање.

Меѓу четирите водечки европски пазари, најголем пад на продажбата на нови автомобили има во Шпанија и тоа за скоро една третина, а по нејзе следат Италија и Франција, каде побарувачката за нови автомобили е намалена за една четвртина.

Најблаг пад е регистриран во Германија, каде побарувачката е намалена за скоро една петтина.

Побарувачката за нови автомобили сепак се стабилизираше во декември, со најмал пад на регистрирани нови автомобили во споредба со целата 2020 година, односно само 3,3% помалку во однос на декември 2019 година.

Фото: Freepik