Европејците потрошиле најмногу пари на маслиново масло, компири и овошје

Просечната цена на земјоделските производи во Европската унија е намалена за два отсто во однос на 2023 година, додека просечната цена на инпутите (стоки и услуги кои се користат во земјоделството) падна за шест отсто, покажува анализата на Европскиот статистички институт (Евростат).

Според раните проценки за 2024 година, падот на цените уследи по наглото зголемување во 2021 и 2022 година, но и скромниот пораст во 2023 година.

Според Евростат, годинава има значителни варијации во движењето на цените на поединечните производи. Најголемо зголемување се однесува на маслиновото масло (30 проценти), компирот, вклучително семенскиот компир (12 проценти) и овошјето (седум проценти). Благ пораст е забележан и кај добитокот за два отсто и млекото за еден процент.

За разлика од нив, цените паднаа кај житариците – 15 отсто, јајцата – осум, свињите – седум, живината – шест и зеленчукот и градинарските производи – два отсто.

Кај стоките и услугите од таканаречените инпути кои се користат во земјоделството е забележан умерен пораст на цените на семињата и садниот материјал, како и на ветеринарните трошоци за три отсто.

Цените на млекото во земјите на ЕУ годинава се за 16 отсто пониски од 2023 година. Највисоки стапки на пад се забележани во Финска (12 проценти), Португалија (10 проценти) и Шпанија (осум проценти). Сепак, најголеми поскапувања се забележани во Ирска (15 проценти), Литванија (11 проценти) и Латвија (десет проценти).