Европска компанија има речиси исто толку милијардери, колку и Google

131

Шведската приватна инвестициска компанија EQT го привлече вниманието по договорот за стекнување на една од најголемите компании за азиски приватен капитал. Акциите на EQT скокнаа за речиси 12% по веста за договор од 7,5 милијарди долари за стекнување на Baring Private Equity Asia.

Зголемувањето на цената на акциите ги напрви милијардери партнерите Ленарт Блечер и Пер Францен, како и извршниот директор Кристијан Синдинг, а богатството на секој од нив е во вредност од околу 1,1 милијарда долари, според проценките на „Форбс“.

Компанијата веќе има уште четворица милијардери, партнери на компанијата, но по веста за договорот, нивниот број сега е седум – речиси колку милијардерите во Google или Facebook.

Baring Private Equity Asia управуваат со имот од 19,5 милијарди долари. Компанијата ќе биде продадена за 1,7 милијарди долари во готовина и 191 милион нови акции во EQT. Се очекува договорот да биде завршен во четвртиот квартал на 2022 година.

EQT е основана во 1994 година и оттогаш прерасна во најголемата приватна инвестициска компанија во Шведска, со приближно 73,4 милијарди евра средства за управување. EQT инвестира првенствено во приватен капитал, но инвестира и во ризичен капитал, недвижен имот и инфраструктура.

EQT им се придружува на Google, Facebook, кинеската компанија за батерии Contemporary Amperex Technology (позната како CATL) и кинескиот производител на зачини Foshan Haitian Flavoring & Food како дел од неколкуте компании кои „произведоа“ неколку милијардери во рамките на компанијата.

Google и Facebook имаат осум милијардери меѓу основачите, директорите и инвеститорите. CATL и Foshan имаат по 9 милијардери, според студијата на „Форбс“.
Акциите на EQT значително се зголемија во последните пет години.