Европската автоиндустрија се бори да преживее

44

автомобилска индустрија кризаСе очекува 2013 година, со 11,6 милиони продадени автомобили да биде најлоша година за продажба во Западна Европа по 1993 година. Економската криза ги преплаши купувачите, а единствени кои со ова добро се носат се германските произведувачи.

Францускиот произведувач Renault најави укинување на 7.500 работни места во Франција до 2016 година. Во Renault овој потег го објаснуваат со потребата да се намалат трошоците на компанијата за 396 милиони евра.

Поради намалена побарувачка на европскиот автомобилски пазар, на слични потези се принудени и General Motors (GM), Ford и Peugeot-Citroen (PSA) групацијата. Така, GM планира да ја затвори својата фабрика во Бохум, Германија, со што се загрозени 3.100 работници вработени во тој погон.

Групацијата PSA ќе укине 11.200 работни места во Франција, додека Ford ќе го намали бројот на вработени во Европа за 5.700 и ќе затвори три фабрики.