Европската централна банка не очекува рецесија во еврозоната и покрај порастот на цените на енергијата

Европската централна банка (ЕЦБ) не очекува рецесија во Еврозоната, дури ни во сценарио каде што цената на нафтата ќе остане над 120 долари за барел, изјави гувернерот на Банката на Франција и член на Советот на гувернери на ЕЦБ, Франсоа Вилроа де Гало.

Во интервју за платформата Бурзорама, тој особено нагласи дека сегашните економски околности не треба да се изедначуваат со стагфлација, што подразбира истовремена стагнација на економската активност и тврдоглаво висока инфлација.

Според него, цените на енергетските производи сочинуваат само дел од индексот на потрошувачки цени, каде што во Франција тие учествуваат со девет проценти од индексот, од кои само четири проценти се однесуваат на нафтени производи.