Европската инвестициска банка ќе користи Етереум за издавање дигитални обврзници

114

Европската инвестициска банка (ЕИБ) ќе користи блокчејн технологија за издавање на двегодишни дигитални обврзници.

Bloomberg дознава дека ЕИБ ќе ја искористи криптовалутата Етереум за да регистрира дигитални банкноти во вредност од 100 милиони евра.

Инвестициската банка на Европската унија ги ангажираше Goldman Sachs, Banco Santander, и Societe Generale да се занимаваат со продажба.

Интересот за криптовалути забележа огромен пораст во текот на изминатата година, а најмногу се зајакна побарувачката за биткоин, кој постојано ги уриваше сопствените рекорди. Неговиот раст на вредноста се припишува на низа фактори, вклучително и зголемениот интерес од институционални инвеститори и големи компании, како што е Теsla, кои почнаа да го купуваат.