Европската комисија најавува царини за руската нафта

Европската комисија планира да предложи давачки за руската нафта која сè уште се увезува во Европа, рече портпаролот на Комисијата, Олоф Гил.

Претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен, на средбата со американскиот претседател Доналд Трамп, исто така најави дека ќе предложи царини за увоз на руска нафта. “Ќе предложи царини за увоз на руска нафта”, изјави таа.

Според официјални извори, ова не претставуваат санкции, за кои е потребна едногласност од сите членки, туку е трговска мерка за која земјите-членки одлучуваат со квалификувано мнозинство и не подлежи на вето.

Унгарија и Словачка се единствени држави кои сè уште добиваат нафта од Русија преку нафтоводот “Дружба”. Tие, како и Чешка, добија ослободување од забраната за увоз на нафта и нафтени деривати, бидејќи се земји без пристап до море и имаат ограничувања во набавката на нафта од алтернативни извори.