Европската комисија објави нова “црна листа“ на авиокомпании

106

Европската комисија објави нова црна листа на авиокомпании, во којашто се вклучени компании што не ги исполнуваат меѓународните стандарди за безбедност и затоа се предмет на забрана за работа во Европа.

По ажурирањето, забранети се вкупно 96 авиокомпании од 16 земји.

Шест индивидуални превозници се на списокот поради сериозни нарушувања на безбедноста: Avior Airlines (Венецуела), Blue Wing Airlines (Суринам), Iran Aseman Airlines (Иран), Iraqi Airways (Ирак), Med-View Airlines (Нигерија) и Air Zimbabwe (Зимбабве).

“Списокот за безбедност на воздухопловството на ЕУ треба да се користи како инструмент за да им помогне на авиокомпаниите и наведените земји да ги прегледаат и подобрат своите стандарди за летање“, рече комесарката за транспорт, Адина Валеан.

Списокот за воздушна безбедност се заснова на едногласно мислење на експерти за воздухопловна безбедност од земјите-членки кои се состанаа од 12 до 14 мај 2020 година под покровителство на Комитетот за воздушна безбедност (АЅС), преку видео конференција.

Фото: Pixabay