Европската Комисија против Јужен тек

24

gazprom Европската Комисија ќе поведе постапка против земјите членки на унијата Бугарија и Унгарија доколку не дојде до измена на договорот кој овие две држави го потпишаа со Русија за проектот Јужен тек, јавува МИА.
Марлене Холцнер, портпаролот на комесарот за енергетика Гинтер Ојтиген, рече дека мора да се направи измена на договорот бидејќи тој не сооветствува на третиот енергетски пакет на Европската Унија. Договорот е потпишан од страна на Бугарија и Унгарија, земји членки на ЕУ, како и Србија, земја со кандидатски статус.
“Договорите со Москва се проблематични во три точки, според законите за енергетика на ЕУ. Прво мора да се раздели производството на гас од неговиот пренос, бидејќи според сегашниот договор тоа треба да го прави само една компанија, односно руски Газпром. Потоа гасоводот треба да биде достапен и за трети страни кои ќе сакаат да се приклучат и гасоводот мора да има независен раководител”, рече Холцнер.
Холцнер им порача на земјите кои планираат подоцна да се влкучат во гасоводот дека ќе биде потребно да земат кредити од банка, поради висината на цената, а поради немањето на правна безбедност, бидејќи нема согласност од ЕУ, тогаш може и да не потпише или да им побара поглеми гаранции.
“Ние не покренавме постапка поради изградбата на Северниот тек бидејќи тој се градеше во меѓународни води, односно под Балтичкото море, а тоа не е територија на Унијата”, појасни Холцнер.
Република Македонија, исто така потпиша договор со Русија за добивање на крак од Јужниот тек. Сепак, ваквиот развој на настаните, особено по реакцијата на официјална Москва, можат за подолг временски период да го одложат целиот процес, што првично беше планирано да биде комплетиран за пет години, пишува МИА.