Европската комисија се откажа од милијарда евра казна за Qualcomm

55

Уште во 2018 година, Европската комисија ја казни американската компанија Qualcomm со многу висока казна поради плаќање на Apple да ги користи нивните LTE чипови. На овој начин, тогаш заклучија европските истражители, Qualcomm обезбедил водечка позиција на тој пазар, а сомнителните активности траеле од 2011 до 2016 година. За да не избере друг добавувач на LTE опрема, Apple наводно добивал милијарди долари, што значително ја оштетило конкуренцијата на Qualcomm.

По четири и пол години, Општиот суд на Европската унија ја прифати жалбата на американската компанија. Овој јуни, тие донесоа одлука дека првостепената постапка не била правилно водена од процесна страна и затоа Qualcomm немал право на достојна одбрана, предвидена со закон.

Дополнително, судот заклучи дека анализата на Европската комисија за плаќањата на Qualcomm кон Apple не ги земала предвид сите релевантни факти. Врз основа на овие пропусти, пресудата е поништена, а обвинетиот американски производител на чипови нема да мора да ги плати 997-те милиони евра што ги утврди Комисијата.

По оваа одлука се очекуваше дополнителен процес на жалби и повторени постапки, но како што сега дознава Ројтерс, тоа нема да се случи. Во Европската комисија заклучиле дека ќе им биде многу тешко да добијат судски спор по двете спорни точки, па затоа – се откажале од жалбата, а со тоа и од враќањето на речиси милијарда евра од Qualcomm.

„Дури и да успее Комисијата со жалба да ја поништи фактичката основа на оваа постапка, таквата победа би била пирова, бидејќи нивната одлука за казнување секако би била укината по процедурална основа, а во таа област Комисијата изгледа слаба. изјави правниот експерт Петер Алексијадис за Ројтерс.

По овој судски пораз, Комисијата ја чека уште една значајна и финансиски тешка битка. Се очекува на 14 септември Општиот суд на ЕУ да ја донесе својата пресуда за случајот со казната од 4,34 милијарди евра што ЕК му ја изрече на Google за слично однесување – поместување на конкуренцијата со фаворизирање на сопствените услуги во рамките на оперативниот систем Android.