Европската Унија официјално го усвои осмиот пакет санкции против Русија, како одговор на нелегалната анексија на четирите украински региони. Главен фокус на овој пакет е ограничувањето на трговијата со руска нафта за трети земји.
Конкретно ЕУ со ова воведува ценовен плафон за морскиот превоз на руска нафта во земји кои не се членки на ЕУ, каде санкциите врз нафтата се веќе усогласени. Европската унија ја одложи одлуката за можното ослободување на Западен Балкан од забраната за увоз на руска нафта и ќе се врати на прашањето пред забраната да стапи на сила на 1 декември.











