Европската унија во СТО ќе ги оспори кинеските антидампинг мерки за увоз на ракија од ЕУ

Европската унија  ќе ја оспори во Светската трговска организација (СТО) одлуката на Кина за воведување привремени антидампинг мерки за увоз на ракија од ЕУ, се вели во соопштението на Европската комисија (ЕК).

Брисел посочува дека „злоупотребата на трговската одбрана од несоодветни причини е јасно кршење на правилата на СТО“, пренесе Ројтерс.

Тоа доаѓа додека членките на ЕУ се подготвуваат да гласаат за тарифите за кинеските електрични возила до 35,3 отсто, што ќе ги надмине стандардните тарифи за увоз на автомобили на Европската унија од 10 отсто.