Европски берзи: Внимателно тргување, во фокус се инфлаторни притисоци

46

На европските берзи утрово цените на акциите благо пораснаа, а тргувањето е претпазливо бидејќи се засилуваат инфлаторните притисоци, што може да ги наведе централните банки да ја заострат монетарната политика.

Индексот STOXX 600 на водечките европски акции беше на благ плус во 9.30 часот и со тоа достигна ново највисоко ниво во историјата.

Лондонски FTSE индекс се намали за 0,25 отсто, на 7.308 поени, додека франкфуртски DAX порасна за 0,09 отсто, на 16.262 поени, а париски CAC 0,10 отсто, на 7.159 поени.

Трендовите на инфлација се во фокусот на инвеститорите. Утрово беше објавено дека во Велика Британија потрошувачките цени во октомври пораснале за 4,2 отсто, најмногу во изминатите 10 години.