Европски ден на претприемачот & МАСИТ Отворени денови

45

Во организација на Европската бизнис асоцијација (ЕБА) и Стопанската комора за информатички  и комуникациски технологии (МАСИТ) денеска ќе се одржи конференција Европски ден на претприемачот & Европска недела на МСП и СЕЕИТА & МАСИТ Отворени денови.

По отворањето на конференцијата ќе се одржи панел сесија на тема Think IT, plan IT, do IT.

На конференцијата планирано е да се обрати министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, претседателите на ЕБА и на УО на МАСИТ, Глигор Бишев и Слаѓан Михалјовски.