Европски економски комесар: ЕУ независна од руската нафта и гас до крајот на 2027 година

19

„Европската унија (ЕУ) има намера да ја намали својата зависност од руската нафта и гас за две третини до крајот на оваа година и да ја намали на нула до крајот на 2027 година“, рече европскиот економски комесар Паоло Џентолини во интервју за дневниот весник Месагеро.

Џентилони, исто така, изјави дека ЕУ ќе ги намали сопствените проценки за економскиот раст за 2022 година од претходно целните 4,0 отсто, додавајќи дека сепак е рано да се каже дали економското забавување ќе доведе до стагнација, пренесува Ројтерс.

ЕУ ќе објави пролетна прогноза за економските перспективи на 16 мај.