Стартапите сè повеќе се присутни на бизнис сцената, а инвеститорите сè почесто се во потрага по нови идеи коишто имаат голем потенцијал да прераснат во успешни бизниси. Европската старт – ап сцена во измнинативе години бележи пораст, а ја “предводи“ Велика Британија во којашто се реализираат една третина од вкупните инвестиции.
Според веб страната Startup Heat Map, којашто врши анализи на развојот на европските стартапи, Лондон е на прво место со инвестирани пет милијарди евра во повеќе од 650 “рунди“. По него, следуваат Париз и Берлин како градови чиишто стартапи се најпривлечни за инвеститорите.
Листата топ десет изгледа вака:
Лондон – пет милијарди евра
Париз – 2,3 милијарди евра
Берлин – 2,2 милијарди евра
Тел Авив – 1,2 милијарди евра
Стокхолм – 910 милиони евра
Барселона – 880 милиони евра
Хамбург – 480 милиони евра
Минхен – 430 милиони евра
Амстердам – 400 милиони евра
Берлин – 390 милиони евра
Фото: Pexels