Европскиот парламент го одобри трговскиот договор со Лондон

16

Европскиот парламент со огромно мнозинство гласови го одобри трговскиот договор по Брегзит меѓу Велика Британија и Европската унија. Пратениците на ЕУ го поддржаа договорот за трговија и соработка со 660 гласа “за“, 5 “против“ и 32 воздржани, објави денеска Европскиот парламент.

Гласањето се одржа вчера. И покрај договорот на повеќе од 1.000 страници, кој стапува на сила на 1 мај, Европскиот парламент ја предупреди Велика Британија дека мора да се држи до своите обврски.

Договорот ги опфаќа трговските односи, правилата за конкуренција, аранжманите за риболов и идните услови за соработка во областа на полицијата и правдата, транспортот и енергијата. Со договорот се стави крај на четири години преговори и дебати, откако Велика Британија донесе одлука по 47-годишното членство во ЕУ да го напушти блокот.

Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел на Тwitter напиша дека дека Велика Британија ќе остане “важен пријател и партнер на ЕУ“.