Европскиот туризам со пад од 61% поради пандемијата

21

Во текот на минатата година, туризмот беше меѓу секторите што беа најсилно погодени од пандемијата, поради рестрикциите за патување. Бројот на ноќевања во сместувачките објекти низ Европската унија е намален за 61%, во период меѓу април минатата и март оваа година. Тогаш вкупниот број на ноќевања бил 1,1 милијарда, во споредба со 2,8 милијарди во периодот пред пандемијата (од април 2019 до март 2020 година).

Најголем пад, според податоците на Eurostat, има во Малта (-80%) и Шпанија (-78%), по што следат Грција (-74%), Португалија (-70%) и Унгарија (-66%). Од друга страна, најмал пад имаат Холандија и Данска со по 36% пад на туризмот.

Бројот на ноќевања има најголем пад во Шпанија (-90%), Романија (-89%), Унгарија и Финска (по -88%) и Чешка (-87%).

Фото: Pexels