Европските банки ја користат пандемијата за да “зачистат“

51

Европските банки ја користат пандемијата за да ги направат промените што ги посакувале инвеститорите со години: намалување на работни места, затворање филијали и побрзо движење кон услуги за клиенти преку интернет.

Вториот по големина германски кредитор, Commerzbank, соопшти дека ќе скрати третина од персоналот во Германија, како и скоро половина од физичкото присуство во канцелариите, по притисокот на американскиот акционер Cerberus Capital Management.

Спојувањето на банки во Италија и Шпанија се очекува да затвори илјадници филијали што се преклопуваат. Консалтинг фирмата Кирни предвидува дека четвртина од 165.000 банкарски филијали во Европа ќе исчезнат за три години.

Банките се една од слабите економски единици во Европа, што полека се менува.

За разлика од американските финансиски институции, европските банки се обидуваат да заработат доволно пари за да го поддржат растот на кредитирањето. Тие влегоа во кризата Ковид-19 со сè уште многу лоши заеми од периодот на кризата со државниот долг, кој почна пред повеќе од една деценија.

Сепак, пандемијата се појави како катализатор на промените.

Европската централна банка смета на банките да ги направат потребните реформи со расчистување на патот за спојувања за заштеда на трошоци.

“Пандемијата донекаде е катализатор за банките да почнат да се справуваат со своите слабости на порадикален начин“, рече Андреа Енриа, претседател на надзорниот одбор на ЕЦБ.

Трошоците на европските банки се високи во споредба со приходите што ги создаваат. Една од проблематичните области се филијалите на банките.

Минатата година, петте најголеми банки во Шпанија затворија 8% од своите филијали и ветија дека ќе затворат повеќе. И покрај кратењата со години, Шпанија е меѓу земјите со најмногу филијали на комерцијални банки по глава на жител во еврозоната – 49 на 100.000 луѓе во 2019 година, според Меѓународниот монетарен фонд.

За споредба, овој број е 30 во САД.

Шпанската CaixaBank, која ја купува помалата Bankia, соопшти дека ќе заштеди 770 милиони евра годишно, а голем дел од аналитичарите очекуваат да бидат со затворање на половина од нејзините 6.300 експозитури.

Надежта е дека пандемијата ги научи клиентите како да користат банкарски услуги без да одат во филијали што се скапи за одржување.

Посетите на филијали се намалија за 30% за ирската AIB Group PLC за време на пандемијата. Луѓето над 65 години се најбрзо растечката група што ги користи дигиталните канали на банката.

Засега, инвеститорите остануваат скептични дали промените се доволни. Акциите на европските банки паѓаат со години. Најголемите европски банки, иако имаат биланс на состојба близу до нивните американски колеги, тргуваат по пониска пазарна вредност.

Во Commerzbank, долгогодишниот бавен напредок во намалувањето на трошоците го предизвика вториот по големина акционер Серберус да повика на поостар пресврт минатото лето, по што извршниот директор и претседателот на банката поднесоа оставки.

“Ако сакаме да ја направиме банката одржлива во иднина, мора да извршиме темелно преструктурирање што е можно поскоро“, рече Манфред Кноф, извршен директор на Commerzbank, во четвртокот. Острото намалување на персоналот беше поддржано од германската влада, која е најголемиот акционер на банката.

Во Италија, Intesa Sanpaolo се раздели со 10.000 работни места и стотици филијали откако минатата година се спои со помал конкурент. Извршниот директор Карло Месина рече дека намалувањето на трошоците пораснало за 37 % на годишно ниво, на 700 милиони евра.

Сепак, најголемата банка на активи во Италија има повеќе од 4.000 филијали, заедно со JPMorgan Chase & Co. и Банката на Америка, иако работат на помал пазар.

Intesa планира да задржи најмалку 3.000 филијали и да ги претвори во консултантски центри за продажба на инвестиции и осигурување, пишува The Wall Street Journal.

Фото: Pixabay