Европските берзански индекси генерално растат

13

Денеска европските берзански индекси се во најголем дел во пораст, додека на берзите истовремено е забележан скок на цената на нафтата и златото.

Индексот DAX на франкфуртската берза денеска во 9:30 часот порасна на 17.706,25 поени, лондонски FTSE 100 на 7.660,40 поени, францускиот CAC 40 на 7.934,92 поени, додека московскиот MOEX падна на 3.297,53 поени.

Вредноста на американскиот берзански индекс Дау Џонс падна на 38.585,19 поени, индексот S&P 500 на 5.078,65 поени, а вредноста на индексот Nasdaq на 15.939,59 поени.

На отворањето на берзата ТТФ се продаваа европски фјучерси на гас по цена од 27.450 евра за мегават-час.

Цената на златото порасна на 2.127,98 долари за унца (унца е еднаква на 28,35 грама), а цената на пченицата падна на 5,3999 долари за бушел (бушел е 27,216 кг).

Вредноста на еврото во однос на доларот изнесуваше 1,08661, што е приближно исто како во вторникот.