
Европските берзански индекси денеска се главно во пораст, како и цените на нафтата и пченицата, додека пазарите се фокусирани на извештаите на големите европски компании, вклучувајќи ги Анхојзер-Буш ИнБев, Унипер и Стелантис.
Американскиот производител на напредни чипови Nvidia ќе ги објави своите квартални резултати по затворањето на берзите во САД, пренесува CNBC.
Индексот на Франкфуртската берза DAX во 9:30 часот порасна на 22.609,53 поени, британскиот FTSE 100 на 8.713,44 поени, францускиот CAC 40 на 8.095,13 поени, додека московскиот MOEX падна на 3.321,49 поени.











